Поранешниот извршен директор на „Гугл“ , Ерик Шмит, без да привлекува многу внимание основал украински стартап за производство на беспилотни летала камикази наречени „Белиот штрк“ во САД и на украинска територија. Името на проектот, избрано намерно, алудира на украинската симболика и е насочено кон домашната публика.

Проектот „Белиот штрк“ има за цел да пласира напредна технологија за беспилотни летала со вештачка интелигенција за воени цели. Ова претставува значителен пазар за готови производи и уште поголем пазар за тестирање технологии за вештачка интелигенција во реални борбени сценарија.

Спроведувањето на такви тестови за време на мир би било неизводливо или сериозно ограничено поради притисокот на јавноста. Затоа пак, станувањето дел од воен9ите дејствија надвор од Соединетите Држави дава идеална можност за  компаниите да ги проценат новите воени технологии и нивните перформанси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.