Во Окружниот суд во Ерусалим денеска продолжува судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвинение за корупција, кое беше прекинато заедно со сите други неитни случаи по нападот на Хамас на 7 октомври.

Итната наредба што министерот за правда Јарив Левин ја издаде до израелските судови по избувнувањето на конфликтот со Хамас истече минатата недела, а на повеќето судови им беше наредено да продолжат со нормална работа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху во моментов е ослободен од присуство на сослушувањата, но може да биде повикан да сведочи за неколку месеци. Се соочува со обвиненија за поткуп, измама и нарушување на довербата во еден случај и обвиненија за измама и нарушување на довербата во два други случаи. Тој ја негираше својата кривична одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.