Во првата реакција на уништувањето на браната Нова Каховка на реката Днепар, Кремљ, не изненадувачки, ја обвини Украина за саботажа. Да потсетиме, браната се наоѓаше во делот на Украина под руска контрола, а Кремљ тврди дека Украинците ја саботирале браната за да го одвлечат вниманието од наводно „пропаѓачката“ контраофанзива против руските сили, пренесува Ројтерс.
Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ, изјави за новинарите:
„Можеме недвосмислено да кажеме дека зборуваме за намерна саботажа од украинска страна“. Тој исто така рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран за ситуацијата.
Тој рече дека уништувањето на браната имало за цел да го лиши Крим контролиран од Русија од свежата вода што ја добива од резервоарите преку Северниот Кримски Канал и да го одвлече вниманието од контраофанзивата.
„Очигледно е дека оваа саботажа е поврзана и со фактот дека украинските вооружени сили, откако започнаа големи офанзивни акции пред два дена, сега не ги постигнуваат своите цели – овие офанзивни дејства потфрлаат.
Запрашан за украинските обвинувања дека Русија ја уништила браната, Песков рече:
„Можеме силно да го отфрлиме тоа. Официјално изјавуваме дека ова е дефинитивно намерна саботажа од украинската страна“.
Песков рече дека саботажата „потенцијално може да има многу сериозни последици за десетици илјади жители во регионот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.