Авионот во кој беше полскиот претседател Анджеј Дуда, кој леташе кон градот Жешов, каде што требаше да се сретне со американскиот колега Џо Бајден, принудно се вратил во Варшава.

Авионот принудно слета, но полскиот претседател Дуда не е во опасност. Состанокот со американскиот претседател ќе доцни малку – соопштија од кабинетот на Дуда.

Бајден веќе слета во Жешов, град што се наоѓа на околу 70 километри од границата со Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.