Чарлс стана 40-тиот суверен владетел крунисан во Вестминстерската опатија, уште од времето на Вилијам Освојувачот во 1066 година, кога надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, ја постави круната на Свети Едвард на неговата глава.

За време на крунисувањето, момент кој беше забележан од многубројните камери е кога принцот Вилијам му се заколнува на верност и кога го бакна.

Медиумите овој момент го опишуваат како најемотивен за време на церемонијата. Принцот Вилијам клекна пред неговиот татко и рече:

„Јас, Вилијам, принцот од Велс, ви се заколнувам на мојата лојалност и верност и вистина што ќе ги носам како ваш поданик. Бог да е со мене“.

Потоа стана, ја допре круната и го бакна кралот во образот. Чарлс беше видно емотивен, климна со главата на својот син и рече „Амин“ и „Благодарам, Вилијам“.

Сето ова принцот Хари го следеше од третиот ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.