Принцот Чарлс се сретнал со британската кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор два дена пред да биде позитивен на тестот за корона вирус.

Неименуван извор од кралското семејство, вели дека кралицата нема симптоми на корона вирусот, објави „Би-Би-Си“.

Принцот Чарлс доби позитивен тест на корона вирусот и се наоѓа во самоизолација. Тој вторпат е болен од Ковид-19.

Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила, била негативна на тестот, соопштија од британската кралска резиденција, Кларенс Хаус.

Принцот Чарлс (73) претходно имаше Ковид-19 во март 2020 година, а тогаш имаше само благи симптоми.

Од Кларенс Хаус потврдуваат дека принцот Чарлс бил вакциниран три пати, но не објави детали какви симптоми има овој пат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.