Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, по повеќе неделните протести во земјата, од Парламентот апелираше за национално единство.
Раиси порача дека Исламската Република има „слабости и недостатоци“, но го повтори официјалниот став на властите дека немирите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена од полицијата за морал, не биле ништо повеќе од заговор на иранските непријатели.
Решителноста на земјата денес е насочена кон соработка за решавање на проблемите на луѓето. Потребно е национално единство и кохезија, бидејќи тоа ги прави нашите непријатели беспомошни – истакна Раиси.
Тој ги повтори тврдењата на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој вчера изјави дека протестите во Иран се организирани од САД и Израел.
Протестите од улиците во иранските градови се прелеаја и во универзитетите ширум земјата, но и во средните училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.