Партијата на владејачката коалиција во Германија, Либерално-демократската партија (ФДП) побара итен самит на ниво на Европската Унија поради предупредувањата на експертите за големиот број бегалци од Украина кои би можеле да пристигнат во ЕУ оваа зима.

Потребен ни е договор што е можно поскоро, како на национално, така и на ниво на Европската Унија – изјави Стефан Томае, вршител на работите на претставничкиот клуб на ФДП во Бундестагот.

Тој рече дека сега се „одмаздува“ поради тоа што договорот за заеднички европски систем за азил „не напреднал ниту еден чекор“ во последните години.

Итно треба да одржиме самит за миграција на ЕУ за сегашните и идните движења на бегалците – рече Томае.

Најистакнатиот германски научник за миграциски прашања, Џералд Кнаус, предупреди на „вонредна состојба“ што може да следи со доаѓањето на зимата.

Тој смета дека ЕУ „воопшто не е подготвена“ за вакви случувања и предупреди дека земјите како Полска и Чешка сè уште го носат главниот товар на бегалците кои пристигнуваат од Украина.

Затоа мора да се договори систем според кој земји како Италија и Франција би примиле дел од бегалците – изјави Кнаус.

Од јуни, бегалците од Украина во Германија не се третираат како баратели на азил, туку како домашни приматели на социјална помош и помош за невработеност, со повисоки износи на помош и неограничен пристап до пазарот на трудот.

Се проценува дека во Германија во моментов престојуваат околу еден милион бегалци кои пристигнаа во Германија по почетокто на руската воена операција во Украина на крајот на февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.