Ученик загина, а еден е ранет во пукање кое се случило пред средно училиште во американската сојузна држава Флорида, за време на натпревар во американски фудбал, јавија медиумите.
На крајот од натпреварот во средното училиште „Орландо Џонс“ во саботата вечерта, вооружен човек испукал неколку куршуми на паркингот за време на расправија меѓу две групи, изјави началникот на локалната полиција Ерик Смит.
Весникот „Орландо Сентинел“ објави дека по пукањето играчите и гледачите избегале на спротивната страна од стадионот.
Како што пишуваат американските медиуми, еден од тинејџерите починал на местото на настанот, а другиот е пренесен во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата во Орландо соопшти дека четворица малолетници биле приведени, како и уште едно повозрасно лице.
Неколку часа подоцна околу 22:30 часот, полицијата била известена за трета жртва од пукањето.
Лицето наводно се упатило во болница со повреди кои исто така не се опасни по живот.
This is the scene in the parking lot at Jones High School right now pic.twitter.com/oemshJzNze
— Jon Santucci (@JonSantucci) November 13, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.