Околу 48.000 Украинци се евакуирани преку хуманитарните коридори, изјави Кирил Тимошенко, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Тимошенко истакна дека 43.000 луѓе го напуштиле градот Суми, 3.500 во регионот на Киев и 1.000 во Енергодар.

Претходно, еден од украинските преговарачи Давид Арахамиа изјави дека за еден ден биле евакуирани повеќе од 40.000 жени и деца од цела Украина, наведувајќи дека бил направен обид за евакуација на дури 100.000 луѓе, но тоа „не успеало“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.