Германската федерална Влада и регионалните власти планираат да им помогнат на украинските уметници во услови на воените случувања во нивната држава.

Многу интензивно разговаравме заедно со регионалните министри за култура што може да се направи веднаш, а особено да им се помогне на украинските уметници – изјави федералната министерка за култура Клаудија Рот по состанокот со сојузните покраински министри.

Рот истакнува дека „се потребни сите напори за да се гарантира дека културата нема да биде уништена“.

Германската министерка додаде дека веќе е почната програма за прием, мислејќи на погодените уметници, а за оваа намена се издвоени еден милион евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.