Руските сили со крстосувачки ракети го нападнале железничкиот тунел Бескиди на границата меѓу Словачка и Украина, што се користи како една од рутите за снабдување на земјата со оружје.
Овој напад го потврдија и официјални лица од Украина.
Целта беше да се обидат да ја прекинат железничката комуникација и да ја запрат испораката на гориво и оружје од нашите сојузници – изјави Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
Руското Министерство за одбрана се уште официјално нема потврда за овој напад.
Сепак, на социјалните мрежи се појавија снимки од нападот врз железничкиот тунел.
Станува збор за најголемиот тунел изграден во Украина од 1991 година. Тоа е стратешки објект кој минува под Карпатите, а неговата вкупна должина е два километри. Тоа е единствениот железнички тунел на Карпатите, на западната комуникациска рута. За важноста на овој тунел говори и фактот што пред руската воена операција низ него минувале 60 отсто од транзитот на товар од Западна кон Источна и од Источна кон Западна Европа.
Според некои непотврдени информации, тунелот е доста оштетен, но не и уништен. Нема ниту официјална потврда дали тунелот навистина бил цел на напад или можеби транспорт на оружје, туку магацин покрај пругата.
Според западните аналитчари, со оглед на тоа што станува збр за многу голем објект, мала е веројатноста дека нападот сериозно и долгорочно ќе ја прекине испораката на оружје и гориво од запад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.