Момчето Арчи Баретсби исклучен е од апаратите за одржување во живот околу 15 часот денеска, а како што пренеусваат британските медиуми, со него до последниот момент, било неговото семејство.
Холи Денс и Пол Батерсби вчера ја изгубија последната правна битка нивното момче да биде пренесено од Кралската лондонска болница на друго место.
Тие сакале во мир „да ги поминат последните моменти“ – без медицински сестри и доктори. Родителите се обратиле до Апелацискиот суд и се обиделе да ја оспорат пресудата од Врховниот суд, но жалбата била отфрлена.
Врховниот суд пресудил дека тој потег не е во најдобар интерес за Арчи, нарекувајќи ги разликите како „големи и непредвидливи“.
Семејството на Арчи тогаш побарало помош од Европскиот суд за човекови права, но неговите судии кажале дека нема да интервенираат со примена на „привремени мерки“ дозволени во „посебни“ случаи.
Им било кажано дека неговата терапија за одржување во живот ќе биде повлечена во 11 часот, се наведува во најавата на групата „Christian Concern“.
Мајката на Арчи, Холи Денс, верува дека тој се здобил со оштетување на мозокот поради учество во предизвик на социјалните мрежи, откако го пронашла без свест во нивната куќа на 7 април 2022 година.
Трендот е познат како „предизвик на затемнувањето“, односно како предизвик на задушување, предизвик на паѓање во несвест и е еден од најновите во низата опасни трендови кои се појавуваат на ТикТок.
Предизвикот веќе резултирал со смрт на осумгодишната Лалани Ерика Рене Валтон од Тексас и деветгодишната Ајрлин Џејлин Аројо од Висконсин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.