Руските сили собираат трупи на југот на Украина пред претстојната контраофанзива на Киев, во услови кога петмесечната војна, се чини, дека влегува во „нова фаза“, објавија денеска британските разузнавачи, пренесува ДПА.

Британското Министерство за одбрана очекува најтешките борби да се префрлат на јужно, кон 350-километарската линија на фронтот што се протега од близина на Запорожје до Херсон, паралелно со реката Днепар.

Запорожје, кое се наоѓа на истата река на југоисток, е дом на украинската нуклеарна централа окупирана од Русија, која е најголема во Европа. Херсон, пак, е поврзан со стратешки важна железничка рута до окупираниот црноморски полуостров Крим.

„Долгите конвои руски воени камиони, тенкови, теренска артилерија и друго оружје продолжуваат да се оддалечуваат од украинскиот регион Донбас и се упатуваат југозапад“, се вели во редовното известување на британското разузнавање.

„Исто така, беше пријавено дека опрема се движи од Мелитопол, Бердијанск, Мариупол, окупирана од Русија, и од континентална Русија преку мостот Керч во Крим.

Велика Британија соопшти дека украинските сили на југот се обидуваат да ги попречат руските рути за снабдување со блокирање, оштетување или уништување на железничката инфраструктура и мостови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.