Во обраќање до нацијата пред парламентарните избори на 3 април, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја претстави својата визија за силна и самостојна Унгарија, која ќе соработува со другите држави, но ќе исцрта свој пат кон иднината.

Слабите луѓе не можат да постигнат слога ниту под својот кров, тие мора да се помират со судбината. Мирот, слободата и слогата се награди за силните народи. Нашиот просперитет, самодовербата, безбедноста и мирниот живот се згрозени. Ветрот секогаш ги полни едрата на силните, и нивниот брод секогаш ќе стигне до пристаништето. Затоа Шечењи, Кошут и Петофи сонуваа за силна Унгарија, и затоа ние го следиме нивниот сон. Сакаме силна држава која, според законите на природата, нема да се издвои од соларниот систем на другите народи, но секогаш ќе се врти околу својата сопствена оска – нема да дозволи други народи да ја одредат нејзината линија на движење. Од година во година градиме силна Унгарија, и тоа го правиме веќе 12 години. Ги поддржуваме семејствата и отворивме милион нови работни места. Ги оданочивме мултинационалните компании, им ги намаливме профитите и го пративме ММФ да си оди дома. Не е поколебаа ни поплави, миграциски бранови и пандемии, а нема да не поколебаат ни војната, ниту пак левицата на 3 април, порача Орбан.

Партијата Фидеш на унгарскиот премиер се соочува со силен притисок од западни дипломати кои ја поддржуваат опозициската коалиција од левичарски и крајно националистички партии во надеж дека ќе го победат Орбан. Премиерот, во својот Фејсбук коментар, предупреди дека земјата се соочува со сериозни закани, и алудираше на револуцијата од 1848 година, кога се удрени темелите на обновената унгарска држава.

Од кога помниме, Унгарците секогаш сакале мир, слобода и слога околу Карпатите. Но слабите луѓе не можат да обезбедат мир, заклучи премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.