Уништувањето на шумите во бразилската амазонска прашума во март било за 14 отсто поголемо отколку во март минатата година, покажуваат прелиминарните податоци што ги објави бразилската Влада.

Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, ја презеде функцијата на 1 јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на уништувањето на шумите.

Ова зголемување открива дека Амазон продолжува да страда од огромен недостиг на управување и оти новата влада мора итно да дејствува за да го врати капацитетот за борба против еколошкиот криминал, кој беше целосно уништен од претходната влада, изјави претседателот на локалната еколошка група „Набљудувачи на климата“ Марсио Астрини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.