Рускиот претседател Владимир Путин го прифати повикот на самиот Г20, кој ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември.
Синоќа разговарав телефонски со рускиот претседател кој изрази благодарност за повикот на самитот Г20 и го потврди своето присуство, изјави претседателот на Индонезија, Џоку Видодо.
Вчера и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека на повик на индонезискиот претседател ќе присуствува на самиотот Г20.
Видодо истакнал и дека во разговорот со Путин било зборувано и за важноста од постигнување на мировен договор со Украина и итен прекин на огнот во оваа земја
Индонезија сака да ги обедини членките на Г20. Немојте да дозволите да дојде до распад. Мирот и стабилноста се клучни за развојот на светската економија, рече Видодо.
Американскиот претседател Џо Бајден и неговите советници и натаму расправаат за тоа како да му пристапат на овој самит, откако домаќинот го потврди присуството на Путин. Бајден претходно порача дека Русија треба да биде исфрлена од Г20, а повеќе членови од неговата администрација ги напуштија настаните на Г20, каде присуствуваа и руски колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.