На телевизијата Русија 1 водителката на емисијата „60 минути“ Олга Скабејева и пратеникот во Думата, Алексеј Журављов синоќа разговараа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета Сармат може да стигне до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со оружје.

Еден Сармат и тоа е тоа, британскиот остров постоше, британскиот остров повеќе не постои, истакна Журављов.

Додека Скабајева истакна дека на ракетата Сармат истрелана од Калининград за 106 секунди може да стигне до Берлин, до Париз за 200 секунди, а до Лондон 202 секунди. Беше прикажана и графика – „Време на лет на ракетите РС-28 Сармат до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со најмногу оружје“.

Сармат е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија секоја од нив да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно ја тестираше ракета Сармат, која во НАТО круговите е позната како прекар Сатана 2 или Синот на сатаната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.