Пожарот на товарен брод што превезувал нови автомобили е изгаснат по речиси седум дена, соопшти денеска холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство.

Бродот Фермантел Хајвеј, што превезуваше 3.783 нови автомобили, од кои 498 електрични, гореше непрекинато од 25 јули, а пожарникарите одлучија да не го гаснат пожарот со вода поради страв да не го дестабилизираат бродот, што е закотвен во близина на бродски патишта во Северното Море.

Состојбата на бродот е стабилна, нема индиции дека пожарот се уште гори, се вели во соопштението на Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.