Пожарникар кој гаснел пожар во канадската провинција Британска Колумбија загинал на должност, со што бројот на загинати пожарникари во Канада годинава се искачи на четири.

Како што објавија локалните медиуми, пожарникарот кој загинал е 25-годишен маж од Онтарио кој го гаснел пожарот во Дони Крик. Тоа е најголемиот пожар што некогаш бил регистриран во историјата на Британска Колумбија кој почна на 12 мај и се очекува да гори до зима.

Поради својата географска положба, Канада се загрева побрзо од остатокот на планетата, па во последните години е соочена со екстремни временски непогоди, чиј интензитет и зачестеност се зголемени со климатските промени. Претходно овој месец, противпожарен хеликоптер се урна во Алберта, при што загина неговиот пилот, а уште двајца пожарникари загинаа во одделни инциденти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.