Бројот на жртвите од шумските пожари во Чиле се зголеми на 51, а како исчезнати се водат над 370 лица. Се стравува дека бројот на жртвите не е конечен. Во делови од земјата е прогласена вонредна состојба и полициски час.
Чилеанските власти оценуваат дека ова е најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година кога загинаа 500 лица. Според полицијата, има индиции дека дел од пожарите се подметнати.
Aerial Footage shows the devastation in the area due to #forestfire #ChileFires
Thats look Terrible. #IncendioForestal #VinadelMar #Valparaiso #Quilpue #Bomberos #Chile
📹 AFPespanol / UlloaG_Fernando pic.twitter.com/2ZSCZnX41k— MH Chronicle (@MHNewsDaily) February 4, 2024
;
Претседателот на Чиле Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба во најтешко погодените провинции Марга Марга и Валпараисо.
Ситуацијата е навистина многу тешка. Бројот на жртвите ќе расте, а материјалната штета ќе биде голема, рече Бориќ во обраќањето до нацијата.
Постои опасност огнената стихија да зафати и некои од поголемите градови, а војската е распоредена во најзагрозените подрачја.
Бројни противпожарни екипи се обидуваат да ги локализираат пожарите кои ги загрозуваат и урбаните средини, а во повеќе општини е воведен полициски час за полесен транспорт и логистичка поддршка.
Црн и густ чад се издига над многу делови од регионот Валпараисо во централно Чиле, каде живеат речиси милион луѓе, а пожарникарите користат хеликоптери за гаснење на пожарот. Градоначалникот на овој град соопшти дека повеќе од 370 жители се водат како исчезнати, а оштетени се повеќе од 1.100 домови.
#ChileFires Dios mio pobre gente pic.twitter.com/1IEtjBOzmS
— morita.belen🖐 (@moritabrock38) February 4, 2024
Помеѓу петокот и саботата, површината зафатена со шумски пожари се зголеми за 30.000 до 43.000 хектари, а во моментов гори на 92 локации.
Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Минатото лето земајта беше зафатена од рекорден топлотен бран во кој настрадаа 27 луѓе, а беа уништени повеќе од 400.000 хектари земјиште
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.