Најмалку четири лица загинаа во пожар што во текот на ноќта избувна во станбена зграда во Словачка, соопштија денеска официјални лица.

Околу 150 луѓе се евакуирани од зградата, соопштија пожарникарите.

Пет лица се повредени, од кои тројца се пренесени во болница, објави агенцијата АП.

Полицијата соопшти дека пожарот избувнал во стан на петтиот кат во градот Хандлова во централна Словачка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.