Главниот брод на руската Црноморска флота, ракетниот крстосувач Москва, е сериозно оштетен, а неговиот екипаж е евакуиран по експлозија, за која Украина тврди дека е резултат на ракетен напад.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека пожарот на ракетниот крстосувач Москва предизвикал експлозија на муниција. Не се наведува што го предизвикало пожарот, но Максим Марченко, украинскиот гувернер на регионот околу црноморското пристаниште Одеса, изјави дека „Москва“ била погодена од две противбродски крстосувачки ракети „Нептун“ од украинско производство, пренесува „Ројтерс“.
Ракетите Нептун кои го штитат Црното Море предизвикаа многу сериозна штета – вели Марченко.
„Москва“ е вториот голем брод за кој се знае дека претрпел сериозни оштетувања од почетокот на војната, откако Украина минатиот месец објави дека го уништила десантниот брод „Орск“ во Азовското Море, наведува британската агенција.
„Москва“ е водечки брод на Црноморската флота на Русија и проектот „1164 Атлант“, а беше лансиран под името „Слава“ во 1983 година, додека сегашното име го доби во 1996 година. Бродот е опремен со 16 ракетни фрлачи „П-1000 Вулкан“, со дострел од најмалку 700 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.