Вработените во авиокомпанијата Рајанер (Ryanair) во Белгија денеска почнаа тридневен штрајк, поради што претстојниот новогодишен викенд ќе бидат откажани десетици летови.

Се претпоставува дека штрајкот во Белгија нема да влијае врз сообраќајот на Рајанер во другите држави.

Аеродромската служба на Шарлроа, вториот по големина аеродром во Белгија, од каде што голем број летови одат кон Медитеранот, соопшти дека денеска се откажани 48 летови на Рајанер, додека од тридневниот штрајк ќе бидат погодени 22.000 патници.

Вработените во Рајанер во Белгија годинава неколкупати штрајкуваа, жалејќи се, меѓу другото, дека менаџментот на компанијата илегално повремено ги праќа на работа на друго место низ Европа, особено во Даблин, Ирска.

Персоналот на Рајанер во Белгија најави штрајк и на 7 и 8 јануари 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.