На Менхетен, Њујорк, е метеж од луѓе како и секогаш, а забележливи се и луѓето кои носат маски.
Локален лекар за итна помош изјавил за Ројтерс дека во изминатите неколку недели е забележан зголемен број случаи на ковид, односно во текот на летото околу два отсто од населението имало ковид, а претходната недела имало дури 12 отсто со новиот сој.
Високо мутирана варијанта на ковид BA.2.86 е откриена во САД, Швајцарија, Јужна Африка, Израел, Данска и Британија, според Светската здравствена организација.
Сојот на Омикрон носи повеќе од 35 мутации во клучните делови на вирусот во споредба со XBB.1.5, кој беше доминантен во поголемиот дел од 2023 година, што е приближно исто како и варијантата Омикрон што предизвика рекордни инфекции во споредба со својот претходник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.