Најмалку 10 лица се полесно повредени, а три потешко во тешка автобуска несреќа на автопатот А4 во северна Италија, соопштија денеска пожарникарите, додавајќи дека повеќето од нив се туристи од Украина.

Несреќата се случила синоќа откако автобус се судрил со камион, јави противпожарната служба на социјалната мрежа X.

Автобусот главно превезувал украински туристи, меѓу кои и неколку деца, јавија италијанските медиуми.

Според првичните информации, автобусот удрил во задниот дел на камион на автопатот А4 кон Трст, меѓу Латисана и Сан Џорго ди Ногаро, во северниот италијански регион Фриули-Венеција Џулија.
реклама

На местото на несреќата се испратени десет противпожарни единици за да ги извлечат патниците од автобусот. Два хеликоптери беа во подготвеност за транспорт на повредените во болница, а вклучена е и цивилната одбрана.

Поради несреќата сообраќајот е во прекин, а возачите кои пристигнувале од правец на Венеција морале да излезат од автопатот кај Латисана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.