По шест часа напнати преговори и специјална операција на полицијата, рано утринава заврши заложничката драма во синагогата во Коливил, предградие на Далас, каде што еден напаѓач држеше четворица заложници. Еден од заложниците бил рабинот во синагогата.
Тимот за ослободување на заложниците изврши успешна акција во синагогата. Киднаперот кој ги зеде четворица заложници и ги затвори во синагогата е мртов – изјави началникот на локалната полиција Мајкл Милер, откако беше објавено дека сите преостанати заложници се ослободени и неповредени.
Киднаперот наводно е брат на Пакистанка осудена за тероризам.
Шест часа по почетокот на кризата, прво беше ослободен еден од заложниците.
Полицијата преговараше со киднаперот, а за цело време заложничката драма се пренесуваше во живо.
Полициското одделение од Колевил, претходно на Твитер јави дека спроведува специјална операција во блокот во кој се наоѓа Конгрегацијата „Бет Израел“ и дека сите жители во непосредна близина ќе бидат евакуирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.