Откако лани се вратија на власт во Авганистан, талибанците од своите редови избркале 3.000 членови, затоа што биле обвинети за незаконско однесување, што е е дел од обемниот „процес на филтрирање“ на движењето.

Талибанците во август го зазедоа Кабул, по 20-годишен бунт против авганистанската Влада, којашто беше поддржана од САД.

Новите талибански власти ветија помалку строг режим од нивниот што владееше меѓу 1996 и 2001 година, а исламистичкото движење формираше комисија за да ги идентификува членовите кои ги прекршиле неговите правила.

Досега околу 2.840 членови во 14 од 34 провинции во земјата се исфрлени од нашите редови, а процесот ќе продолжи и во другите провинции. Тие се обвинети за корупција, трговија со дрога и мешање во приватниот живот на луѓето. Некои имале врски со групата Исламска држава – информира шефот на комисијата во Министерството за одбрана, Латифула Хакими.

Откако Талибанците се вратија на власт, правата на жените се драстично намалени. Жените државни службеници не можеа да се вратат на работа, а во многу средни училишта веќе не се запишуваат девојчиња. На жените, исто така, им е забрането да патуваат на долги растојанија без да бидат придружувани од машки роднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.