Повеќе од сто вработени во градскиот јавен превоз во Лондон починале како последица на компликации од инфекција со коронавирусот, пишува „Би-Би-Си”.

Од нив 75 биле возачи во автобускиот јавен превоз, а 23 вработени во метрото. Повеќето од нив се припадници на етнички малцинства, пет се жени.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека градското јавно сообраќајно претпријатие обезбедило дополнителна помош за семејствата на починатите колеги.

Тој појасни дека заклучно со 10 мај од последици на Ковид-19 починале вкупно 105 вработени во градското транспортно претпријатие, меѓу кои има и хигиеничари и вработени во службите за одржување на возилата. Од нив 27 се работници со азиско потекло, 33 со потекло од Африка, а 28 белци.

Од претпријатието не се објавени податоци за 16 од починатите, од кои се знае дека еден бил со мешано потекло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.