Во експлозија во нелегална фабрика за преработка на нафта во нигериската држава Риверс вечерва загинаа повеќе од 100 луѓе, изјави претставник на локалната власт.

„Пожар избувна во нелегално складиште за нафта и во експлозијата изгореа повеќе од 100 луѓе до непрепознатливост“, изјави денеска државниот комесар за нафтени ресурси Гудлак Опија.

Невработеноста и сиромаштијата во делтата на Нигер се причина поради која нелегалните рафинерии за нафта станаа атрактивен бизнис, но со смртоносни последици.

Суровата нафта се вади од лавиринт цевки во сопственост на големи нафтени компании, а потоа незаконски се рафинира во гориво и се складира во импровизирани резервоари. Овој опасен процес предизвика бројни фатални несреќи и загадување во регионот веќе контаминиран со излевање на нафта на фарми, потоци и лагуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.