Повеќе од 19.000 луѓе се раселени во Либан поради ескалацијата на конфликтот меѓу израелската армија и либански Хезболах на границата меѓу двете земји.

Зголемувањето на прекуграничните инциденти доведе до раселување на 19.646 луѓе во јужен Либан и во други делови на земјата. Се очекува бројот на раселените жители да се зголеми доколку прекуграничната тензија не стивне или во случај на ескалација на насилството“, се наведува во извештајот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која е агенција на ОН.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестински Хамас на 7 октомври, судирите на израелско-либанската граница се речиси секојдневни и се стравува дека Хезболах, кој има значителна воена моќ, може да отвори нов фронт од Либан.

Во нападот на Хамас врз Израел загинаа најмалку 1.400 луѓе, главно цивили, а израелските одмазднички бомбардирања убија повеќе од 5.000 Палестинци, меѓу кои и повеќе од 2.000 деца.

На жителите на десетици населби во северен Израел, кои се соочуваат со напади од Либан, им е наредено да се евакуираат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.