Во Велика Британија, од почетокот на епидемијата, од Ковид-19 починале повеќе од 200.000 луѓе, со што земјата ја прави една од земјите со најголем број смртни случаи во Европа.

Вкупниот број е 200.247 смртни случаи, а само минатата недела починале 294 луѓе, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика.

Како што пишува „Гардијан“, до јануари 2021 година починале 100.000 луѓе, а за нешто повеќе од една и пол година, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се удвоил.

Стапката на смртност во Британија е 2.689 на милион луѓе и е повисока отколку во Шпанија, каде што е 2.295, Франција 2.230 и Германија 1.704, покажуваат податоците на веб-страницата „Our World In Data“ од 12 јули оваа година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.