Портпаролката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и идната претставничка за медиуми на Белата куќа, Керолин Ливит, изјави дека сè уште не е донесена одлука за прашањето околу статусот на трансродовите лица во американската војска.
Ваквиот коментар, Ливит го даде одговарајќи на некои наводи дека овие луѓе би можеле да бидат отпуштени од војската.
Овие неименувани извори шпекулираат и немаат поим за што зборуваат. Ниту една политика нема да биде прогласена за официјална, освен ако не доаѓа директно од претседателот Трамп или од неговите овластени претставници на медиумите“, изјави Левит.
Непрофитната организација „Спарта Прајд“, која се залага за правата на трансродовите лица во војската, оваа недела за порталот „Милитари“ соопшти дека околу 15.000 трансродови припадници на војската се распоредени низ светот, вклучувајќи и борбени зони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.