Skip to main content

Ливерпул во проблеми: Конате се повреди и ќе отсуствува помеѓу 5 и 8 недели

Сериозен удар за Ливерпул ќе биде отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот на социјалните мрежи објави порака во која потврди дека е повреден.

Неговата повреда е на коленото и настанала по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик.

Многу е фрустрирачки да се повредите на крајот од одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодарам за уникатната поддршка на „Енфилд“, стои во дел од пораката на Ибрахима Конате.

Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува цел месец декември, а првичната прогноза е помеѓу 5 и 8 недели.