Skip to main content

ПСЖ бара 70 милиони евра за Ибрахим Мбаје, Ливерпул е сериозно „загреан“

Instagram / ib.mbaye17

ПСЖ е подготвен да се раздели со напаѓачот Ибрахим Мбаје за 70 милиони евра.

Според „РМЦ Спорт“, Ливерпул веќе се договорил за личните услови со 18-годишниот сенегалски репрезентативец, но не е подготвен да ја плати цената што ја бара парискиот клуб.

Тековниот договор на фудбалерот е со важност до 2028 година. 

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 30 милиони евра.

Во сезоната 2025/26, Мбаје постигна три гола и имаше две асистенции во 31 натпревар во сите натпреварувања. На Светското првенство 2026, тој постигна еден гол на четири натпревари. 

Поврзани вести