Кинескиот претседател, Си Џинпинг, во пишаната изјава порачува дека дејствата кои поттикнуваат конфликти и ги кршат меѓународните норми се „премногу чести“ и дека светот треба колективно да го отфрли менталитетот на Студената војна и блоковската конфронтација.

Си исто така потенцира дека сите треба да го отфрлат унилатеризмот, протекционизмот и секој обид за вмешување на политиката и оружјето во економските и трговските односи.

Си ги повика и бизнис лидерите „активно да се вклучат“ во „реформите на Кина, напорите за отворање и модернизација и да придонесат за зајакнување на развојот и просперитетот на азиско-пацифичкиот регион и светот“.

Кинескиот претседател требаше да има говор на Форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (AПEК) во Бангкок, но поради недоразбирања за распоредот на обраќање, дел од учесниците го откажаа настапот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.