На азиските берзи паднаа цените на акциите, најмногу во технолошкиот сектор, по предупредувањето на „Микрон“ дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата потрошувачка.

Азиско-пацифичкиот индекс на акции МСЦИ, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,6 проценти.

Јапонскиот индекс Никеј ослаби за 0,30 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг се „лизнаа“ меѓу 0,7 и 2,2 проценти. Во Австралија, пак, пораснаа за 0,2 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.