Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, од Берлин порача дека земјите-членки на НАТО можат да и гарантираат на Русија дека нема да биде третирана како што Москва се однесува кон Украина.
Она што ние, како чесни луѓе, политичари, членки на НАТО, можеме да и го гарантираме на Русија е дека никој нема да ѝ го прави на Русија она што таа им го прави на соседите, истакна Дуда.
Неговата изјава уследи по идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предложи безбедносни гаранции за Русија.
Дуда истакна дека Полска и Германија треба да побараат поголема помош од Европската Унија поради очекуваното зголемување на бројот на украински бегалци оваа зима.
Верувам дека треба да се обратиме до ЕУ, за да има финансиска поддршка за нашите земји, која ќе носи посебен товар поврзан со приемот на бегалци од Украина, посочи Дуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.