Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша указот за целосно ембарго за увоз на јаглен од Русија.
Претседателот го потпиша Законот за посебни мерки за заштита на националната безбедност, документ поврзан со настаните во Украина – се наведува во соопштението од кабинетот на Дуда.
Документот предвидува и можност за замрзнување на имотот на правни и физички лица кои ја поддржуваат, како што се наведува, „руската агресија врз Украина“, пренесуваат полските медиуми.
Законот претходно беше усвоен од двата дома на полскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.