Полска привремено ќе подигне бодликава жица висока два и пол метри на границата со Русија, што, како што изјави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак, е реакција на отворањето на Калининградската област за летови од Блискиот Исток и Северна Африка.
„Во врска со ова, денеска веќе започнува работата за подигнување на привремена ограда од три реда жица што ја користат армиите ширум светот. Тоа ќе биде истата ограда што е на граница со Белорусија, висока 2,5 метри, широка три метри“, изјави Блашчак на прес-конференција во Варшава.
Блашчак потсети дека ваквата ограда на границата со Белорусија ја запрела источната рута по која мигрантите се обидувале преку Полска да стигнат до западните земји на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.