Полска одлучи да произведува и испорачува дополнителна електрична енергија на Украина.
Проектот за производство на дополнителна електрична енергија во полските термоелектрани за снабдување на Украина е прекинат, а причината е одбивањето на Европската комисија да ја ослободи Полска од данокот на ЦO2.
Претходно официјална Варшава побара да се укине таксата под изговор за изградба на втор далновод Жешов – Хмелницки со цел дополнително да ја снабдува Украина со електрична енергија. Друг услов беше Брисел да плати за испорачаната струја.
По отфрлањето таквите барања од страна на Европската комисија, Полска го замрзна проектот за испорака на дополнителна електричана енергија на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.