Полска и нејзините сојузници ги подигнаа авиони поради активност на руската авијација со долг дострел, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.

Ве известуваме дека во тек е интензивната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација. Предупредуваме дека е активирана полската и сојузничката авијација, што може да доведе до зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата,  наведе командата на X (поранешен Твитер).

Претходно, Генералштабот на полската војска ги ставија во состојба на готовност воените авиони по забележаната активност на руската авијација со долг дострел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.