Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за штетите што и ги нанела на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава.
Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, се смета за почеток на војната, која ги однесе животите на најмалку 55 милиони луѓе, а според некои проценки таа бројка се движи до 80 милиони. Се проценува дека до 6 милиони луѓе во Полска загинале како резултат на војната.
Полската владејачка конзервативна партија Право и правда во неколку наврати посочи дека извештајот е во процес на изработка. Документот има за цел да ги поддржи барањата до Германија за репарации. Истражувањето спроведено минатата година покажа дека 64 отсто од анкетираните го поддржале барањето репарации од Германија за штетата направена на Полска.
Германската влада се спротивстави на сите барања за дополнителни репарации, инсистирајќи на тоа дека Договорот „Два плус четири“ од 1990 година, познат и како Договор за конечно порамнување со Германија, го завршиле тоа прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.