Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 4,5 тони кокаин со проценета вредност од 105 милиони евра на брод под знамето на Того, кој превезувал добиток во близина на Канарските острови и уапсила 28 членови на екипажот.
Полицијата соопшти дека бродот застанал на пристаништата во десетина земји пред рацијата во вторникот, и дека шверцерите на дрога почнале да ги користат бродовите за транспорт на добиток, бидејќи тоа го отежнува следењето на нелегалниот товар, објави „Ројтерс“.
Полицијата соопшти дека патувањето на бродот „Orion V“ од Колумбија го следеле шпанските власти, американската Агенција за борба против дрога и тогоанската полиција, а дрогата е запленета во Лас Палмас на Гран Канарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.