Петнаесетгодишно момче е уапсено за нападот во кој загинаа три лица, а осум се тешко повредени,. Нападот се случи во германскиот град Солинген, вчера околу 21:45 часот.

Германската полиција соопшти дека во врска со овој случај уапсила 15-годишник“, пренесе Би-би-си.

Началниците на полицијата изјавиле дека не можат ништо друго да соопштат во однос на истрагата додека таа е во тек. И покрај инсистирањето на новинарите, полицијата одбила да даде подетални информации за 15-годишниот осомничен и нагласила дека нема да ги објавува неговите фотографии.

Нападот се случи за време на прославата на 650-годишнината од основањето на градот.

Полицијата навела дека се уште е нејасен мотивот, но дека не може да се исклучи дека бил „терористички“.

Убиецот избодел неколку посетители на фестивалот и првично успеал да побегне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.