Полицијата од 1 септември ќе ги обезбедува сите училишта во Србија, а полициски службеници ќе бидат присутни пред, за време и по наставата во двете смени, соопшти денеска српското Министерство за образование.

Освен во училишните дворови, ќе се зголемат полициските патроли и во близина на училиштата, а ќе се контролира и регулира безбедноста во сообраќајот, беше соопштено по работната средба што денеска ја одржаа претставници на Министерството за образование и Министерството за внатрешни работи.

Раководителите на полицијата и училишните администрации, како и директорите на училиштата и началниците на полициските станици, интензивно работат на анализа на безбедносната состојба, со цел да се процени состојбата и да се преземат заеднички мерки за подигање на безбедноста на учениците и вработените на највисоко можно ниво.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.