Полицијата во Берлин застрелала маж (23) од Косово, при обид да го приведе под сомнение дека со секира убил жена од Украина.
Злосторството се случило во неделата рано наутро на деветти кат од станбена зграда.
Во неделата околу 7:40 часот во берлинскиот кварт Лихтенберг се случи убиство – изјави портпаролот на полицијата Мартин Дамс.
Тој додава дека првите сомнежи дека дошло до сериозен инцидент биле по кавга на пар кој живеел на деветти кат.
Кога пристигнала итната помош, мажот ја удрил жената со секира, а потоа полицајците употребиле огнено оружје – се вели во соопштението на полицијата.
Дамс нагласува дека во моментот кога пристигнала полицијата, мажот до смрт ја претепал Украинката.
Според очевидци, мажот и жената се расправале пред инцидентот. Познато е дека жената од Украина имала 27 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.