Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат помалку да го користат автомобилот поради поскапото гориво, се посочува во студијата што ја објави британската компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци „ЈуГов“ (YouGov).
Истражувањето покажува дека 22,9 отсто од испитаниците веќе го оставаат својот автомобил дома, а 12 отсто од нив имаат намера да го користат помалку во иднина.
Главната причина за таквиот тренд се парите, заклучува „ЈуГов“, наведувајќи дека половина од испитаниците рекле дека не сакаат да возат „со цел да штедат“, 16 отсто од нив како главна причина ја наведуваат околината, а 14,9 отсто сакаат повеќе да вежбаат.
Три четвртини од учесниците во истражувањето изјавиле дека до одреден степен зависат од автомобилот и тоа делумно поради малиот број на опции за јавен превоз. Приближно половина од возачите користат автомобил најмалку пет пати неделно.
Руската воена акција во Украина ги зголеми цените на горивата во Германија на рекордно ниво, при што бензинот моментално чини во просек 2,09 евра за литар, а дизелот 2,16 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.