Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше погребан денеска на гробиштата Борисовски во Москва. Пред насобраните голем број луѓе, Навални беше испратен со звуците на песната „My Way“ од Френк Синатра.

Претходно во црквата на Богородица во Москва се одржа богослужба. Околу час и половина пред почетокот на богослужбата и погребот се формираа долги редици луѓе, пренесува Гардијан.

Панихидата беше предводена од свештеник и придружена со хорско пеење. Луѓето можеа да поминат покрај отворениот ковчег на покојникот и да му оддадат почит

За време на погребот, руската полиција почна да ги приведува луѓето кои извикуваа пароли против рускиот претседател Владимир Путин. Насобраниот народ скандираше „Русија без Путин“ и „Путин убиец“.

На снимките може да се види како голем број луѓе сè уште се упатуваат кон гробиштата Борисов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.