Неколку погребни агенции во Русија одбија да го погребат Алексеј Навални, предизвикувајќи проблем за семејството на починатиот руски опозиционер.

Погребалните претпријатија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални“, истакна портпаролката на критичарите на Кремљ, Кира Јармиш.

Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира погребот, а како што се наведува, „повикале голем број приватни и јавни погребални агенции, комеморативни локации и погребни сали.

Некои места велат дека нивниот простор е зафатен, а други одбиваат да го спомнат името на Навални. На едно место ни кажаа дека на погребалните служби им е забрането да работат со нас. По цел ден пребарување, се уште не најдовме проштална сала, вели Јармиш во објава на социјалната мрежа „Икс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.